|

Наутро со магла, во текот на денот сончево време

Утрово најстудено со 0 степени беше во Берово, 2 Лазарополе, 4 Маврови Анови, Попова Шапка, 5 Крива Паланка, Битола, 6 Претор, Прилеп, Струмица, Крушево, 7 Охрид, Штип, Виница, 8 Тетово, Куманово, 9 Скопје-Зајчев Рид, 10 Скопје-Петровец, Демир Капија, Дојран, 11 Гевгелија.

Најмногу дожд наврна на Попова Шапка 36 л/2, 27 Тополчани, 21 Крушево, 13 Маврови Анови, 6 Струмица, 5 Ѓуриште, 4 Битола, Прилеп, 3 Скопје-Зајчев Рид, Пожаране, Лазарополе, 2 Скопје-Петровец, Берово, 1 Крива Паланка, Тетово, Демир Капија, Виница, Дојран.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно. Утрово е сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини има појава на ниска облачност, а на места и магла со намалена видливост помала од 200 метри (Демир Капија и Струмица).

Денеска претпладне со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 20 степени. Во Битола до 17 степени.



Слични Објави