НАВАЛНИ НЕ БИЛ ОТРУЕН АМА И НЕ ГО ПУШТААТ ВО ГЕРМАНИЈА НА ЛЕКУВАЊЕ
Лекарите од болницата во Омск изјавија дека не пронашле траги дека рускиот опозиционер Алексеј Навални бил отруен, пренесува Фокус. Тие сепак одбија да го одобрат неговиот трансфер во Германија, каде што би го продолжил лекувањето.
„Никакви отрови, ниту траги на отрови не се пронајдени во неговиот систем. Труењето како дијагноза е сѐ уште опција, но ние не веруваме дека пациентот бил отруен“, изјави заменик директорот на болницата во Омск, Анатоли Калиниченко.