Навивач на фудбалскиот клуб Левски од „Софија Запад“ загина на фронтот во Украина
Навивач од организацијата на Левски „Софија Запад“ загинал на фронтот во Украина. Тажната вест беше соопштена од самата организација на нејзината страница на Фејсбук, пренесува БГНЕС.
„Нашата организација тагува! Загубивме еден млад, храбар и сакан наш брат! Почивај во мир, Мишо! Никогаш нема да бидеш заборавен!“, се вели во пораката, која предизвика огромен бран на сочувство и изрази на поддршка.
Од коментарите станува јасно дека Мишо се борел на страната на Киев во конфликтот.
