|

НБРМ: Девизните резерви на крајот на август изнесуваат 4,75 милијарди евра

Народната банка на Република Северна Македонија  соопшти дека девизните резерви на крајот на август 2025 година изнесувале 4.754,4 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 84,5 милиони евра.

„На крајот на август 2025 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.754,4 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 84,5 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,6%), по што следуваат монетарното злато (13,6%) и валутите и депозитите (11,7%)“, стои во соопштението на НБРМ.

Слични Објави