| |

НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА И ЛОША ХИГИЕНА ВО ОХРИД, СТРУГА И ДОЈРАН

Во скоро секој втор угостителски објект во Охрид, Струга и Дојран храната не е безбедна, а хигиената е лоша. Ова е поразувачкиот резултат по вонредната инспекциска проверка која Агенцијата за храна и ветеринарство ја изврши низ трите туристички градови од 5-ти до 11-ти јули.

Проверката опфатила 128 хотели, ресторани, пицерии, кафе-барови, сендвичарници, пекарници, ќебапчилници, бурекчилници, слаткарници, маркети и други објекти каде може да се набави храна, а недостатоци се најдени кај дури 61.

„Констатирани се неусогласености кои се однесуваат на недоволна хигиена во објектите, неправилно декларирање на храната, нередовно вршење на задолжителните здравствено – хигиенски прегледи на вработените, неуредно и нередовно водење на записите согласно пропишаните процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса и HACCP. Издадени се 20 решенија и една забрана, изречени се и 50 инспекциски мерки едукација на операторите и 6 парични казни, а како небезбедни уништени се приближно 218 килограми храна, најголем дел месо и подготовки од месо и јајца“, стои во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Сепак, туристичките места не се единствени на удар на инспекторите на Агенцијата – тие вршат засилена контрола и во мини-маркетите во сите населби, како и на локации каде се одржуваат манифестации под отворено небо и се подготвува и послужува храна.

Слични Објави