Неделава нема закажување термини за лични документи

//

Граѓаните од среда до недела нема да можат да закажуваат термини за издавање лични документи, пасоши, лични карти и возачки дозволи, поради миграција на нов систем во МВР.

Полицијата ги известува граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во ИТНА постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да појдат во просториите на МВР каде што имаат закажан термин за личен документ на 22. 06. 2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06. 2021 година до 12 часот.

„Граѓаните кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во РЕДОВНА постапка, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат во било кој термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28. 06. 2021 година заклучно со 02. 07. 2021 година“, информаираат од полицијата.

Воедно тие ги повикуваат граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 23 јуни до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да се работи.



Извор: Темите. мк

Претходна статија

65 милиони швајцарски франци за развој на Северна Македонија

Следна статија

Шефот на кабинет на Жељу Желев: Признавањето на Македонија за д-р Жељу Желев беше историски долг

Најново од Вести