НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП 7-13 ОКТОМВРИ

Ладното време сè повеќе не потсетува и нѐ тера да го чувствуваме присуство на есента. Што нѐ очекува во втората недела од месецот октомври прочитајте во следните редови:

Овен
Работата и заработувањето на пари ќе ви бидат приоритет на почетокот на неделата и многу е веројатно дека ќе бидете многу успешни во завршувањето на вашите задачи и комуницијата со колегите или клиентите. После среда, ќе се фокусирате на вашите лични односи и на вашиот/та партнер/ка. Можеби ќе имате моменти на разјаснување со најблиската личност, но тие ќе бидат повеќе конструктивни отколку деструктивни.

Бик
Ве чека многу динамична недела, полна со предизвици, интересни настани и предлози. Ќе ви биде тешко да останете на едно место и да се опуштите, но во исто време ќе можете да запознаете интересни и необични луѓе кои ќе ве возбудат и ќе донесат разновидност во вашиот живот. Многу е веројатно да воведете нешто ново во вашиот живот, да се препуштите на забава, спорт, некое ново хоби или да го промените вашиот изглед.

Близнаци
На почетокот на неделата постои можност да се затворите и да се изолирате од другите. Не е исклучено да сте премногу чувствителни и конфликтни. Добро е да бидете внимателни да не ги уништувате односите со луѓето кои ви се блиски, бидејќи не го заслужуваат тоа. После среда, ќе можете да ја пронајдете вашата внатрешна рамнотежа и да погледнете позитивно на работите што ви се случуваат.

Рак
Несогласувањата со вашиот партнер на почетокот на неделава не се исклучени. Обидете се да не го осудувате премногу грубо и да не барате премногу од него. После среда, тензиите во вашата врска ќе се смират и ќе можете да уживате во домашниот комфор. Многу е веројатно дека ќе започнете да правите некакви промени во вашиот дом, да го реновирате вашиот ентериер или да се препуштите на кулинарски експерименти.

Лав
Ве чека многу успешна недела во која ќе бидете доста дружељубиви и пријатни за околината. Сепак, бидете внимателни да не се вклучите во забава во која ќе претерате со алкохол или храна. Слободните Лавови ќе сретнат личност која ќе ги импресионира, додека оние зафатените ќе имаат шанса да поминат продуктивно време со својот партнер.

Девица
Веројатно ќе ги „отворите“ џебовите во текот на неделата и ќе го демонстрирате вашиот престиж со финансискиот статус или новите материјални придобивки. Во љубовта, ќе владее страста. Многу е веројатно дека ќе имате многу романтично време со „жешки“ случувања.

Вага
На почетокот на неделава ќе бидете силно ангажирани со ваш постар роднина или друг член на вашето семејство. Некои од вас ќе започнат со активности како реновирање на домот, додека други ќе се занимаваат со кулинарски експерименти. После среда ќе бидете на романтичен бран. Зафатените ќе ја изненадат својата половина со еден вид гест или збор, додека слободните ќе имаат шанса да флертуваат и да ја продлабочуваат својата врска со некој кој многу ги привлекува.

Скорпија
Голем дел од вас, Скорпиите ќе тргнат на кратки патувања до интересни дестинации оваа недела. Во секој случај, ќе бидете авантуристички настроени. Не е исклучено да добиете важни вести, повици или пораки за вас. Бидете претпазливи со социјлните мрежи.

Стрелец
На почетокот на неделата, ќе можете да пронајдете свој уникатен начин да сјаете и да ги импресионирате другите. Некои од вас ќе потрошат многу пари за купување нешто скапо и не толку корисно, додека други ќе го променат изгледот или фризурата. После среда ќе бидете крајно комуникативни и дружеубиви и можно е да добиете интересни вести, повици или пораки.

Јарец
За вас, Јареците почетокот на неделата ќе предложи нов почеток. Многу е веројатно дека ќе го покажете вашето ново лице на светот и ќе можете пријатно да ги изненадите другите со вашето знаење и таленти кои ги поседувате а до сега не сте ги покажале. Важно е да се обидете да бидете што е можно пофлексибилни за да можете да ја видите позитивата на ситуациите во кои се наоѓате и да ги искористите максималните можности. После среда, можно е да заработите дополнителни пари.

Водолија
Вие, Водолиите, веројатно ќе бидете прилично зафатени на почетокот на неделата. Добра идеја е да најдете време за одмор и релаксација, време само за вас и вашите најблиски. Ако не можете да се оттргнете од работата, обидете се да бидете колку што можете повеќе фокусирани за да ги избегнете грешките кои што ќе ви одземат драгоцено време. После среда, ќе бидете многу поконцентрирани и поефикасни и веројатно ќе имате значителен успех со работите што ги решавате.

Риби
Почетокот на неделата веројатно ќе го искористите за некои социјални настани. Можеби ќе се сретнете со вистинските луѓе, кои во една или друга форма подоцна ќе ви бидат корисни со совет или одредена препорака. Втората половина од неделата ќе ја поминете со вашите најблиски и најверојатно во домашна атмосфера. Не е исклучок поголемиот дел од времето да го посветите за одмор и релаксација, препуштање на вашето омиленото хоби или спорт.

Слични Објави