„НЕДОРАЗБИРАЊЕ“ – НОВА ПРЕТСТАВА НА КУМАНОВСКИОТ ТЕАТАР
Кумановскиот театар вечер од 20 часот ќе ја изведе претставата „Недоразбирање“ од Албер Ками, во режија на Драгана Таневска.
Се работи за семејна драма за индивидувалните желби на поединци и нивното влијание врз хармонијата во семејството, во кое се следи загубената човечност поради загубена љубов, борбата за соништата и идеалите, бришењето на моралните граници.
Во претставата играат актерите Александра Михајловска, Кети Дончевска-Илиќ, Никола Наковски, Сања Русеска и Марко Трајковиќ. Сценографија е на Сергеј Светозарев, а костимите на Ванчо Василев.
За прв пат оваа година ќе се одржи интердисциплинарeн фестивал “Matka Summer Fest”, кој претставува неколку дневен летен фестивал, каде на отворено (open air) ќе се преплетат различни уметности.
