НЕЈМАР Е ОСЛОБОДЕН ОД ОБВИНЕНИЕТО ЗА СИЛУВАЊЕ
Бразилскиот Суд ја затвори истрагата против фудбалерот Нејмар по обвинението за силување на една бразилска манекенка.
Ова е втор пат како бразилскиот Суд ја отфрла тужбата против Нејмар поради недостиг на докази дека ѕвездата на ПСЖ го сторил делото. Манекенката го обвини Бразилецот дека ја силувал во хотел во Париз во мај 2019 година.
Властите во Бразил покренаа истрага против девојката поради лажна пријава за силување.
