НЕКА БИДЕ СЕКОЈ ДЕН, ДЕНОТ НА ЉУБОВТА!

Денес се слават два празника Св. Трифун и Св. Валентин. Првиот е традиционален за православните христијани и се слави со векови, а вториот го примивме на голема врата во последната, чинам, деценија. Денес се познати или како Денот на виното или како Денот на љубовта. За виното имаме добро позната приказна, но што е со љубовта? Тоа не можам да го разберам.

Секоја една жена копнее за љубов 365 дена во годината или 366 ако годината е престапна нели? По статусите на сите социјални мрежи можеме да забележиме колку навистина царува љубовта, а посебно на денешниов ден и во каква заблуда живеат денешните жени. Насекаде распослано цвеќе, чоколадни бонбони, плишани играчки зависно од тоа кој како ја милува саканата и еден куп лаги од типот „единствена моја“. Паѓање во несвест од толку многу љубов подгреана со флаша вино. Сепак поентата ми е друга. Дали една жена не ја заслужува љубовта секој ден од годината или мора да дојде некој празник за мажот да и ја покаже? Или е начин на извинување ако имаат направено некоја глупост во текот на годината, па сега на Денот на љубовта си бараат оправдување за стореното. Оваа второво ми има поголема логика. Мажот не е маж ако не ја сака љубената секој ден од нејзиното постоење, ако не и ги олесни сите проблеми кои ги носи секојдневието, ако не ја гушне без да ја праша што и се случило, а знае дека има нешто. Ако не сподели со неа како и тој се чувствува во одредени моменти, ако не ја сака на 1000 начини и ред други мали нешта кои и ја враќаат самодовербата, самопочитта и љубовта кон самата себеси. Дали мажите сметаат дека жените не ги препознаваат сите мали нешта во текот на секоја една врска, или лигавењето на денешниов ден ќе ја замени болката од претходната година? Но можно е и денешниов ден да се инспирирани со поголема доза љубов од останатите денови.

Драги дами вие заслужувате љубов секој ден, а не само на одредени празници. Дарувајте љубов секој ден од годината, но за возврат и барајте ја истата. И запомнете: маж без жена е изгубен случај, а жена без маж е дама.

Автор: Разбудена



Слични Објави