НЕКОЛКУ ПРИЧИНИ ПЛУС ЗОШТО ТРЕБА ДА ЈА ИМАТЕ КНИГАТА НА ГРУЕВСКИ ВО ВАШАТА БИБЛИОТЕКА
- Со ова капитално дело Груевски се нареди во списокот со македонски папи до БЦ и СМ, и како што вели другар ми Булеварко: „Папа у егзил е он…“
- Од книгата можете да научите како да се понашате ако во иднина ви се заканува затворска казна. Меѓу редовите на ова ремек дело можеби ќе научите, какви другарства да створите за да се спасите од апс, колку црни гранични премини имаме на границата со Албанија и не на последно место како да им избегате на неколку службеници на УБК, кои се одговорни за тоа, да го чуваат вашиот ценет заден дел на тело, додека не паднете во ќорка.
- Корицата е убава… гарант и хартијата е мрсна.
- Ќе му дадете елан на премиерот Заев исто така да напише книга, неговата може да се вика: Како му помогнав на Груевски наместо у Шутка да се појави на саем.
- Ќе помогнете за развојот на македонското книжевно дело.
- Ќе научите колку пати во просек може да се отвори еден автопат.
- Ако не сте се заебале да стапите во брак, ќе разберете како да не ја тупите, ако некои далечни роднини ве замараат со глупи прашања од типот: Ај кога ќе те жениме/мажиме? Им ставате динамит во дувлото и готово.
- Ако веќе сте се заебале и сте во брак, ќе разберете како да избегате од вашата/вашиот сопруга/сопруг за да бидете со саканата/саканиот.
