Многу Австралијки го избраа времето околу пандемијата за да си направат операции за зголемување на градите. Лекарите сметаат дека основна причина за овој тренд е фактот дека останувањето дома води со себе повеќе време поминато пред огледалото и на социјалните мрежи.
Пластичен хирург од Бризбејн изјавува за Дејли Меил дека прави околу 500 интервенции за зголемување на гради годишно и неодамна забележал дека големината на силиконските импланти расте.
Во некои случаи, тој дури морал да ги разубедува пациентките за големината на обемот што тие го бараат, бидејќи нивните желби биле премногу нереални и неразумни.
Естетските хирурзи можат само да погодуваат дали трендот ќе продолжи или е привремен феномен. Естетските клиники во Австралија имаат двојно повеќе работа од септември и немаат слободни термини дури до Божиќ.