СТАРА ЗАГОРА ЌЕ СТАНЕ ПРВИОТ ГРАД ВО БУГАРИЈА СО УМЕТНИЧКА НАСЕЛБА

Центарот на бугарскиот град Стара Загора е на пат да се претвори во првата арт-населба во Бугарија. Иницијативата е на Државната опера, Куклениот театар, Куќата на архитектот, здружението „Различен поглед“, интернет сајтот www.dolap.bg, основачот на порталот “Успелите.бг” Венелин Добрев, социологот Прван Симеонов, кој потекнува од Стара Загора и вајарот Николај Колјазов.

Првите културни настани кои ќе се случат во арт-населбата ќе бидат организирани во септември, кога ќе се одржи „Ноќта на уметностите“ и Меѓународниот фестивал за куклен театар „Пијеро“. Повеќе за таа прекрасна иницијатива можете да прочитате во интервјуто со еден од иницијаторите на проектот Мирчо Христов за сајтот www.dolap.bg.