НЕМА ДА ПРИСТИГНАТ 31 РЕСПИРАТОРИ, КОМПАНИИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ГИ ИСПОРАЧААТ

/

Двете компаниите кои го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa, не известија дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини согласно договорот, информира Мнинистерството за здравство, пренесува Плусинфо.

– Заради ова, јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана. Во меѓувреме, Македонија доби 12 респираторни машини од Европската Унија со што се надополнија посточеките капацитети.
Вклучувајќи ги новите машини коишто пристигнаа, во здравствените институции ширум земјата во моментот има на располагање преку преку 130 респираторни машини – велат од МЗ.

Во моментов на респираторна машина има приклучено вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10 отсто.





Претходна статија

ПЕНДАРОВСКИ ПЛАНИРА ЛИДЕРСКА СРЕДБА ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА НА МАЈ

Следна статија

КОВАЧЕВ ЗА МКД.МК: МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК СЕ СОВРЕМЕНА РЕАЛНОСТ

Најново од Вести