|

Нема пари за додатоците на судската администрација која протестираше за да ги добие

Додатоците на судската администрација нема да се исплатат ниту во јуни. Судскиот совет тврди дека причината за ова е што Министерството за финансии не дало согласност да се обезбедат пари преку пренамена. Членовите тврдат дека максимално се вложиле, но залудно.

„Членовите на Судскиот буџетски совет максимално се заложија да најдат начин согласно закон преку пренамена да обезбедат средства за исплата на додатоци на плата за вработените во судството, имајќи ја во предвид преоптовареноста во работењето на судската администрација, вработените во ССРСМ и Академијата за судии и јавни обвинители, нивните барања односно најавите за штрајк, како и фактот дека правото на додаток на плата е утврдено согласно важечките законски одредби“, велат од Судски совет.

Оттаму ја соопштија и одлуката.

„И покрај заложбите на членовите на Судскиот буџетски совет, Министерството за финансии како надлежен орган не даде согласност за бараните пренамени со цел обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јуни 2023-та година“, додава Судски совет.

Слични Објави