|

Нема плата-нема возење, утре во Скопје ќе нема јавен градски превоз, соопшти Стојановски

Автобусите на ЈСП утре нема да возат, зашто вработените сè уште не ги добиле јануарските плати заклучно со 15-ти во месецот, според законскиот рок соопшти денеска претседателот на Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Миќо Стојановски.

„Нема плата, нема возење“, дециден е Стојановски.

„Еве, денеска е 15-ти, последниот законски ден за исплата на плата. Чекавме до 14:30 часот кога е последниот миг да се префрлат парите во ЈСП и да легнат на сметката на вработените, но тоа не се случи. Не се договоривме така со градоначалничката и со директорот. Советот на Град Скопје ја заврши својата работа, ја донесе одлуката. Остана сега уште парите да се префрлат и платата да си биде во редовен рок“, кажа тој.

Синдикатот на ЈСП, ја соопшти одлуката дека од утре од 4:30 часот изутрина, автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе останат во гаражите, а нема да работат ниту билетарниците.

„Сите сме сплотени заедно, ова мора да престане. Каде ќе им оди душата на луѓето не ми е јасно. Сите јавни претпријатија во Скопје си ја поделија јануарската плата, вработените во Град Скопје и Советот на Град Скопје ја поделија својата плата, а замислете, за ЈСП нема плата, додаде претседателот на Синдикатот на ЈСП.



Слични Објави