НЕМАЊА ВИДИЌ Е ПРЕД КАМ-БЕК ВО МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

/

Легендарниот дефанзивец Немања Видиќ е многу близу да се врати во Манчестер јунајтед и тоа како тренер на резервниот тим.

Ова го најавија дел од српските медиуми, а го пренесоа и англиските колеги. Дека Видиќ има понуда од Манчестер јунајтед да се врати во клубот, потврдува и блискиот пријател на фудбалерот и тренер Ненад Лалатовиќ.

„Видиќ живее во Милано и моментално размислува да биде тренер, но не е целосно сигурен. Веќе му беше понудено да работи со вториот тим на Манчестер јунајтед. Јас го советував, ‘ова е идеална шанса за тебе’. Му реков да се врати во Англија, „ќе го преземеш Манчестер јунајтед , имаш големо име таму и мислам дека тоа е најдобрата одлука за тебе’“, вели Лалатовиќ.



Видиќ своевремено беше еден од најдобрите трансфери на сер Алекс Фергусон и за девет сезони освои пет титули во Премиерлигата и една Лига на шампиони. Видиќ се повлече од фудбалот во јануари 2016 година, во својата втора сезона како играч на Интер.

Извор: Спорт1



Претходна статија

МАКЕДОНСКИОТ БИСЕР ЕЛИФ ЕЛМАС Е ТРАНСФЕР-ЦЕЛ БРОЈ 1 НА НАПОЛИ!

Следна статија

ЊУКАСЛ ЈА НАЈДЕ ЗАМЕНАТА ЗА БЕНИТЕЗ ВО СЕЛЕКТОРОТ НА БЕЛГИЈА

Најново од Вести