|

АЛБАНИЈА ГИ ЗАТВОРА УЧИЛИШТАТА И ГИ УКИНУВА СИТЕ ЛЕТОВИ ДО СЕВЕРОТ НА ИТАЛИЈА

Владата на Албанија донесе итни мерки по потврдените два случаи на коронавирус во земјата. Според одлуките на Владата ќе биде прекината наставата во училиштата во следните две недели и ќе се запрат сите летови кон северниот дел на Италија до трети април. До истиот датум се откажуваат и сите јавни собири.

„Станува збор за првични мерки“, изјави Рама и ги повика граѓаните да не паничат, туку да бидат разумни и смирени и редовно да се информираат за сè во врска со коронавирусот од официјални извори и строго да ги применуваат мерките за лична хигиена.



Слични Објави