ФИЛИПЧЕ: ПОВИЦИТЕ ЗА САМОИЗОЛАЦИЈА ДА СЕ СФАТАТ МНОГУ СЕРИОЗНО
„Секојдневните апели за самоизолација мора да се сфатат многу сериозно. Не може да се затворат границите, тоа е невозможно. Потенцирам, секој којшто доаѓа од ризичен регион, доколку на граница нема симптоми, мора да остане во автоизолација 14 дена“, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче изрази разочараност од фактот што директорката на Клиниката за кожни болести, за која стана јасно дека е позитивна на коронавирусот, постапила непрофесионално и отишла на работа, каде што имала контакт со свои колеги и покрај фактот што се вратила од реон што бил силно зафатен од вирусот.