|

Нео ренесанса во галеријата „Рајко Алексиев“

Јубилејна изложба на ректорот на Националната академија на уметностите, проф. Георги Јанков со наслов „Нео ренесанса“ може да се види во галеријата „Рајко Алексиев“. Во изложбата се вклучени инсталации, постери и нови дела на уметникот. Повеќе за неа и уметноста ќе слушнеме од самиот Георги Јанков:

„Во уметноста времето е крајно условено. Никогаш не сум барал да се натпреварувам со моите колеги, да припаѓам на некоја струја во уметноста и да ја изберам како моја амплоа. Работите овде се направени специјално за оваа изложба. Решив дека полесно е да се направи нешто ново“.

Фото: БНР



Слични Објави