| |

Нешков пред Радио Бугарија: 2024 година го разоткри српскиот модел на македонизмот

Најкраткото објаснување за се што се случи во 2024 г. во Северна Македонија е разобличувањето на српскиот модел на македонизмот, коментира за Радио Бугарија Љубчо Нешков, новинар и сопственик на агенцијата БГНЕС.

„Секој ден сме сведоци на груба, непристојна агресија против Бугарија. Таква, каква што се памети од периодот меѓу двете светски војни 1919-1941 година, кога Македонија не ни постоела под тоа име туку се викала Јужна Бановина. Тогаш главен модел, дури би рекол смислата на постоењето на Јужна Бановина е да се прогонуваат Бугарите и да се сее омраза против Бугарија. Токму на тоа сме сведоци сега. Би рекол нешто повеќе, тоа е една нова етапа на српската верзија на македонизмот, кој веќе се одвојува од оној македонизам по 1945 година, како нешто автентично локално итн. Односно, поминавме во фазата на отворена поддршка за „српскиот свет“, отворена заедница со Србија, политичка поддршка. Дополнително, деновиве бевме сведоци како премиерот Христијан Мицкоски ја бранеше Србија од бугарското вето за отворање на Кластерот број 3 (во преговорите за членство во ЕУ). Со еден збор, сега не гледаме подреденост, туку заедница со овој „српски свет“, кој пред триесет години го нарекуваа „Голема Србија“, изјави новинарот за Радио Бугарија.

И покрај ризиците од каква било прогноза на Балканот, го прашуваме нашиот соговорник дали во 2025 година Бугарите ќе бидат вклучени во Уставот на Северна Македонија?

„Ако Македонија стане навистина независна, ова не е најстрашното и најтешкото прашање што треба да го реши. Самото вклучување на Бугарите во Уставот е еден процент од проблемите со кои се соочува Македонија. Да оставиме настрана прашањето за Бугарите. Ова е земја во која недостасува основно почитување на законот. Стана модел за тоа како поранешни функционери се кријат во багажници и наоѓаат засолниште во странство. Не е само Никола Груевски (поранешен премиер на Северна Македонија, се крие од македонската правда во Унгарија – забелешка на авторот). Деновиве дознавме дека поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој важеше за апсолутен господар во Северна Македонија во последните години под власта на Зоран Заев и Димитар Ковачевски, исто така побегнал со дипломатски автомобил, овој пат во Косово. Секој од нас може да види една окупирана земја која спроведува странски, геополитички и тешки антиевропски проекти“, резимира Љубчо Нешков.

Анализата на Љубчо Нешков за состојбите на релација Бугарија-РС Македонија можете да ја слушнете овде.

Слични Објави