НЕСТОРОВСКИ ДОБИВА НОВ ТРЕНЕР ВО УДИНЕЗЕ

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кој летово го засили калчолигашот Удинезе веќе извесно е дека ќе добие нов тренер во својот нов клуб, откако италијанските медиуми најавија дека во следните 24 часа најверојатно актуелниот кормилар Игор Тудор ќе добие отказ.

Хрватот Тудор е пред заминување после 11-те примени гола во двата убедливи порази на црно-белите, прво од Аталанта со 1-7, а синоќа и од Рома со играч повеќе со 0-4, па практично овие два дебакли во рок од четири дена му го напишаа отказот на актуелниот кормилар.

Според најавите, Удинезе веќе има подготвено замена и веќе сè договорено со темпераментниот Џенаро Гатузо, бившиот италијански репрезентативец и светски првак од 2006 година, кој во минатата сезона го водеше вториот најтрофеен клуб на Апенините, Милан.

Гатузо во сезонава веќе ги одби понудите од Џенова и од Сампдорија, но во случај да не се договори со Удинезе, резервни опции се Пасквале Марино и Стефано Колантуоне.

Извор: Спорт1