„НЕЗАВИСЕН“: ЗАРАДИ ДОЛГ ТРИ ДЕНА НЕМА ХРАНА ЗА ИНТЕРНАТОТ ВО КАВАДАРЦИ

Вести Истакнато Македонија

Без храна веќе три дена е Интернатот за средношколци кои од други места престојуваат и учат во Кавадарци, реагираат нивни блиски во изјава за МИА.

-Според нашите информации, ученичкиот дом должел за храна над 150 илјади денари, па набавувачот одбивал да носи јадење за средношколците, додека не му биде платено. Од Министерството за образование не била платена партиципација за ноември и декември, појаснуваат тие.

Од Министерството за образование и наука, информираат дека поради ребалансот на буџетот, неопходно било да се направи и промена на програмите на Министерството за образование и наука, меѓу кои и Програмата за ученички стандард, преку која се исплаќаат и средствата за финансирање на работата на ученичките домови. Без измена на програмите, исплатите не можеле да се реализираат. (Целиот напис прочитајте го овде)

ФОТО: www.rtk.mk