ВМРО-ДПМНЕ: АКТУЕЛНАТА ВЛАСТ НЕМА КАПАЦИТЕТ ДА ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

Вести Истакнато Македонија

Македонија е државата со најзагаден воздух во Европа, а владата на СДСМ не превзема ништо да го реши овој проблем со кој што се соочуваат граѓаните, се вели во реакцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев не ја интересираат животите на илјадниците македонски граѓани кои се директна жртва на енормно загадениот воздух.

Наместо да се преземат конкретни мерки кои ќе ја намалат загаденоста, тие спијат или играат игрици.

Македонскиот народ знае дека актуелната власт нема ниту капацитет, ниту волја да го реши овој проблем.

Македонија е во прашање, затоа граѓаните треба да ни се придружат денес на протестот во 17 часот, за што побрзо да го порази и СДСМ и Зоран Заев и црните политики наметнати со оваа црна власт за една намена,  се вели во реакцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.