|

НИЕ ГИ ЧЕКАМЕ GOOGLE И FACEBOOK ДА ДОЈДАТ ВО МАКЕДОНИЈА, А ТИЕ ДА ТИ БИЛЕ ПОД ИСТРАГА ВО САД

Министерството за правда на САД објави дека отвора истрага за големите компании за дигитална технологија во врска со тоа дали учествуваат во антиконкурентски практики, јавува НоваТВ.

Истрагата е со цел да се утврди како водечките онлајн платформи на пазарот добиле моќ, дали и наштетуваат на конкуренцијата, дали ги потиснуваат иновациите или на друг начин ги оштетуваат потрошувачите.

Министерството за правда не објави кои се тие компании, но истакна дека во разгледувањето ќе се земе предвид загриженоста за „пребарување, социјални медиуми и некои малопродажни услуги на интернет“.

Слични Објави