Никогаш не ја пропуштај шансата да искористиш една вистинска криза
Пишува: Бојко Ноев/ Медијапул
Очекувањата дека Кремљ брзо и безболно ќе ги постигне своите цели во војната што ja започна против Украина останаа неоправдани. Главната причина за тоа е херојството на украинскиот народ, кој ја брани својата земја од воено супериорниот агресор. Се потврдува важноста на моралот
мотивацијата како мултипликатори на воената моќ на бојното поле.
Од огромна важност е меѓународниот одговор на агресијата, кој Путин не го зел предвид во својата воена равенка. Неправедната војна јасно ги разграничи границите меѓу агресорот и жртвата, помеѓу доброто и злото. Овие граници како никогаш досега ги принудуваат политичките елити и духовните лидери ширум светот да заземат страна.
Овој пат нема неутрална зона. Огромното мнозинство е на страната на Украина. Војната неизбежно има силно влијание и врз Бугарија – не само како гранична земја. Обидот на министерот за одбрана Јанев да се позиционира во облакот на нејаснотијата, во непостоечката неутрална зона го чинеше функцијата. Малку е веројатно дека резултатот ќе биде отскочна даска за нова политичка кариера, како што се шпекулира.
Аспирациите на политичките субјекти, вкл. меѓу парламентарните партии, да ја повлечат Бугарија кон неутралноста, таа да се одвои од нејзините природни сојузници ЕУ и НАТО, не можат да се наречат само рецидив и од минатото туку се и политички погрешни. Тие ја поткопуваат националната безбедност на земјата во сегашниот критички момент.
Затоа што нема поатрактивна мамка за еден геополитички предатор кога ќе почувствува
слабост или неизвесност кај неговата потенцијална жртва, а исто така и можноста за пробив во сојузната солидарност. Секое двоумење на Бугарија во контекст на сојузничкото спротивставување на агресијата на Путин, ја прави негова посакувана цел.
Бугарија заеднички ќе ги сподели економските тешкотии што ќе следат за нашиот дел од светот,
демократскиот свет. Заедно со нашите сојузници ќе ги надминеме. Меѓутоа, во меѓувреме, заедно со солидарноста со украинскиот народ, ние мора да се осврнеме на едно посебно важна и постојано ја саботирана наша задача – да ставиме крај на влијанието на Кремљ во Бугарија. За тоа се потребни напорите на целото општество, кое конечно мора да излезе од деценискиот мамурлак во кој пропагандата на Кремљ продолжува да го држи. Ова бара напори на извршната, законодавната и судската власт, претседателот, свештенството и интелигенцијата, на секој граѓанин.
Не смееме да заборавиме дека врз Бугарија, заедно со црните етикети на најсиромашната, најкорумпираната и најневакцинираната земја со најголема смртност во светот, тежи црната
етикета и на најпутинољубивата земја во ЕУ и НАТО. Во учебниците за стратегија има мисла што е особено актуелна денес: „Никогаш не пропуштај да искористат една вистинска криза“. Време е да го направиме тоа.
Без да имам претензии за исцрпност, предлагам меѓу мерките што би можеле да се преземат
да се разгледа и следното:
Во областа на одбраната:
Веднаш, одлучно, да се зајакне одбраната на земјата со се што е потребно и се што се предвидува од постојните одбранбени планови на Алијансата. Иновативни предлози за бугарскиот баталјон
групата „под бугарска команда не треба да бидат во колизија со проверените и планираните одлуки за зајакнување сојузничката одбрана. Бугарија мора веднаш да побара НАТО да распореди на наша територија современи средства за воздушна одбрана, вкл. на комплекси Patriot, на модерни радари и засилени единици на борбени авиони. Покрај тоа, одбраната на Црното Море треба да се зајакне,
вклучувајќи во себе противбродски ракетни системи и други различни средства за да се обезбеди заштита на нашиот брег, како и слободата на пловидба во нашите територијални води и економска зона. Да се разгледа можноста за поставување на бугарско знаме на некои сојузнички воени бродови со цел да се исполнат условите од Конвенцијата од Монтро за времетраењето на нивниот престој во Црното Море.
Да се промени филозофијата на организацијата на сајбер одбраната со заедничко воведување со нашите сојузници офанзивни карактеристики за да овозможи одговор на можниот противник со адекватни според силата и обемот активности.
Бугарија отворено и храбро да им се придружи на другите земји од ЕУ и НАТО во обезбедувањето
воено-техничка помош на народот на Украина во нивната борба против агресорот. Владата заслужува целосна поддршка за ваквата одлука.
Војната на Путин конечно става крај на можностите за одржување на постојното
вооружување во опремата на бугарската армија од времето на Варшавскиот пакт. Заврши сагата за МИГ-овите, со повеќето ракетни комплекси – и тие од противвоздушната и оние од копнената одбрана. Во таа смисла е потребна ревизија и забрзување на националниот план за модернизација на нашите вооружени сили.
Покревањето на високо политичко ниво пред САД на прашањето за забрзувањето со снабдувањето со новите борбени авиони и преговарање за следната транша. Барање на помош од сојузниците за решавањето на некои од критичните дефицити во одбраната.
Воздухопловната база „Граф Игнатиево“ веднаш да се преименува на името на еден од загинатите бугарски херои, кои го бранеле бугарското небо. Името на херојот Списаревски во овој поглед би било сосема достојно.
На економски план, меѓу мерките за ограничување на штетите и во рамките на очекуваната вонредна состојба во областа на енергетиката:
Воспоставување на целосна државна контрола врз управувањето и работењето на Лукоил
Нефтохим “. Итна разработка на логистиката за снабдување со нафта од алтернативни на руските
извори.
Спроведување на нова државна политика во областа на воената индустрија. Министерство за економија, заедно со Министерството за одбрана да ги анализираат обидите за ставање под руска контрола на нашата индустрија за оружје со помош на бугарските власти. Да се подготват мерки за заштита интересите на бугарските одбранбени компании и да се обезбеди нивниот економски и
физички опстанок.
Во областа на внатрешната безбедност:
Формирање на специјален парламентарна комисија за спротивставување на субверзивните активности на Руските специјални служби. Комисијата да ги разгледа фактите и околностите околу саботажите, вкл. експлозиите во објекти на бугарската воена индустрија, посегнувањата по животите на бугарски државјани и попречување на истрагите досега од претставници на извршната и судската власт и од нашите специјални служби.
Собраниската Комисија за внатрешен ред и безбедност, заедно со извршната и
претседателската институција да ги забрза радикалните реформи на безбедносните служби, вкл. на ДАНС и разузнавањето, а исто така и во МВР.
На духовното поле, бугарското општество мора да се крене против безрбетниот однос кон
посегнувањата на Кремљ кон бугарската државност и духовност.
Бугарската православна црква има посебна улога во овој поглед. Раководството на БПЦ мора да престане да личи на огранок на Московската патријаршија. Мирјаните во Бугарија тие имаат право да бараат морал и патриотизам од духовните водачи, како што тоа се бара од самите нив. Војната во Украина не е „војна меѓу два братски народи“, како што вели бугарскиот синод, туку војна на Кремљ, чие оружје ги убива украинските христијани. Мирјаните прашуваат – всушност, за кое од виталните прашања на нацијата го слушнавме гласот на врвот на БПЦ? Време е челниците на БПЦ да ја одбранат Бугарската духовност од посегнувањата на Кремљ врз нашата историја, култура и писмо, како што ги бранеле нивните претходници во тешките години на опстанокот на нацијата. Време е, водачите на БПЦ да ја остават настрана работата со осветувањето патишта, сали и други придобивки на материјалното постоење, бизнисот со крштевки и свадби и да се посветат најмногу на очекуваната улога како духовни водачи на нацијата.
Дојде време за решителна разделба со симболите на имперската доминација врз Бугарија. Треба да се поддржат напорите на локалните власти за преместување на спомениците на повоената окупација. Исто така, неморално е, како друг пример, култната градска улица „Гроф Игнатиев“ и понатаму да го носи името на еден од политичките џелати на Васил Левски.
Деновиве многумина ја споделуваат оценката дека агресијата на Путин против Украина засекогаш го менува светот. Ние во Бугарија не можеме сами да го одредиме правецот на светските промени. Но, ние дефинитивно можеме да ја направиме нашата промена во Бугарија, за која сме им должни на идните генерации.