НИКОЛА, ПРАШАЈ ГО БОЦЕВСКИ ЗОШТО ВО КОЛУМБИЈА ТЕ ЗАПИШАЛЕ КАКО ГРК

//

Еден пријател ми ја испрати следната фотка:

Па би сакал да го посоветувам пријателов, при прва можност, да го праша амбасадорот на Македонија во Бразил Ивица Боцевски (одговорен и за Колумбија), зошто македонските државјани во хотелите во Колумбија се запишуваат како Грци. Мора да има некакво макар и нелогично објаснување за тоа.

Оваа facebook објава би имала уште поголема тежина, ако го покрене прашањето што воопшто прави г-нот Боцевски во Бразил, како амбасадор на нашата држава во таа голема и егзотична земја.

Последен пат за постоењето на тој могул во дипломатијата нарекуван од неговите неистомисленици со погрдното „Двоцевски“ (најверојатно заради честото менување ставови) слушнав кога во декември минатата година (2018) се пофали дека македонските државјани веќе ќе можат без визи да ја посетуваат и да престојуваат во Колумбија.

Амбасадорот Боцевски треба да одговори на прашањето дали таа дипломатска победа е постигната со тоа што македонските државјани, како што станува јасно од постот на Никола, се водат како Грци пред официјалните органи во Колумбија?

Знаете зашто е важно сето тоа? Затоа што пуштањето во јавност на вакви пораки, без реално да се направи нешто како реакција, не говори добро за нас како граѓани.

Ви текнува на онаа серија на објави на facebook „јас сум тој и тој, имам толкав просек, ама во Македонија нема работно место за мене“?



Сите знаеме од каде доаѓаа тие „приказни на очајани“ од непотизмот на Заев и Али, „вундеркинди“, што од отпор знаеа само да напишат еден статус на facebook.

Никола брате, јас се надевам дека не си како нив, затоа побарај го (ако веќе не си го направил тоа) Боцевски. Тој е многу слаткоречив тип, се надевам нема да те „завитка“ со неговиот талент да збори многу, а да не кажува ништо. Верувам дека Боцевски ќе ти помогне, сепак стана амбасадор во времето кога шеф на државата беше најголемиот патриот Ѓорѓе Иванов. Патриотизмот сигурно му е измерен и е на ниво.

А да, и твојот имењак, знаеш на кого мислам сигурно дал согласност Боцевски да ја претставува Македонија во Бразил. Ако следиш политика би требало да знаеш дека Иванов не смееше да отвори уста без дозвола од Груевски, а не па да именува амбасадор. Еве ти уште една причина да се чувствуваш засрамен.

Автор: Атанас Величков

Претходна статија

Ф. САЛИУ: ХЕЈ „ШАРЕНИ“ ВИ ОСТАНА БОЈА, УТРЕ ЈАНЕВА Е ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА

Следна статија

ЈАНЕВА ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ СООЧИ СО КОЛЕШКАТА РУСКОВСКА ЗА „РЕКЕТ“

Најново од Истакнато