Николоски – Гиоге: Економската соработка треба да е приоритет

/

Во рамки на својата посета на Париз, денеска Александар Николоски се сретна со Силван Гиоге, заменик директор за европски прашања на Министерството за надворешни работи и европски прашања на Франција.

На средбата се разговараше за билатералните односи помеѓу Македонија и Франција при што се констатираше дека истите се во нагорна линија. Исто така се разговараше за соработката на ВМРО-ДПМНЕ како водечка политичка партија и Француската Република при што се констатираше дека ВМРО-ДПМНЕ е сериозен партнер со којшто може да се разговара за основните прашања во Македонија како што е владеењето на правото, економската соработка, интеграцијата на Македонија во ЕУ. При тоа од Николоски беше искажана желбата за тоа Македонија да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ затоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија и граѓаните на Македонија не смеат да бидат жртва на неуспесите на Зоран Заев.

Во делот на владеењето на правото Николоски го искажа разочарувањето од тоа што Македонија е на 111 место во перцепција за корупција и Македонија тоне во корупција со оваа ненародна Влада на Заев, а во однос на економската соработка се констатираше дека истата треба да се продлабочи и надгради до степен да има што повеќе француски директни инвестиции во Македонија и тука Николоски истакна дека приоритет број еден на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде политика на привлекување на странски инвестиции така што новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе работи силно на привлекување на странски директни инвестиции коишто треба да ја намалат невработеноста да ги зголемат платите и да внесат етика во работењето, исто така да го зголемат извозот на компаниите коишто произведуваат во Македонија. Во таа насока се дискутираше и за соработка со Франција и наменски компании од Франција, се разговараше за проекти коишто би биле интересни за Француската Република во Македонија како и за поголемо присуство на француските компании во безбедносниот и одбранбениот сектор.



Се заедно Николоски ја истакна посветеноста и на ВМРО-ДПМНЕ во однос на интензивирање на соработката на Македонија и Франција и надежта дека по формирањето на нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ таа соработка ќе расте и ќе јакне и ќе е многу посилна од тоа што е сега, како и надежта дека Македонија ќе почне и успешно ќе води преговори за членство со ЕУ.

Претходна статија

МИОА: Буџетот за следната година вклучува проекти наменети за граѓаните

Следна статија

МЗ: Дополнително ќе се утврдува дали има евентуална поврзаност на вакцината и смртниот исход

Најново од Вести