НИКОЛОВСКИ: ВЕДНАШ ШТОМ СЕ СТАБИЛИЗИРА СОСТОЈБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ ТРЕБА ДА СЕ РЕАЛИЗИРАТ ИЗБОРИТЕ
„На македонската демократија и на македонскиот развој им требаат стабилни институции и колку што е можно поскоро враќање на нормалниот колосек на европските интеграции.
На македонските граѓани им треба почетокот на преговорите. На македонските граѓани им се потрбни функционални институции а пред се функционален парламент.
Затоа, веднаш штом се стабилизира епидемијата, за што сме оптимисти дека брзо ќе се случи, а на основа на сите епидемиолошки и здравствени анализи на клучните надлежни институции и авторитети во здравството веднаш после тоа треба да се реализираат изборите, во првиот можен рок“- изјави генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на денешната прес-конференција во седиштето на партијата .