Заев: Филипче и неговиот заменик досега сработија многу-„Ќе ги почекам анализите и истрагата и ќе одлучам за нивните оставки“

/

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик досега сработиле многу, пренесува ТВ 21.

Тој додава дека тие се справиле со сериозен предизвик.



„Тие се справуваа со сериозен предизвик во целиот свет, што е за првпат во човештвото. Со носењето на одлуката, прво ќе констатираме како се ќе поставиме кон луѓето. Ќе ги почекам анализите и истрагата и ќе одлучам за нивните оставки. Го разбирам етичкиот и моралниот однос, но исто така ја чекам и другата одговорност, што значи континуитет на системот, одговорност за тоа што не очекува понатаму“, порача премиерот во ТВ дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претходна статија

Заев: Темата за оставките стана банална – германскиот извештај се очекува да биде готов за 15 дена

Следна статија

Мицкоски: Бараме оставка од Филипче за да спасиме човечки животи

Најново од Вести