| |

Ноев: Ако Петков остане фокусиран на РС Македонија, ќе остави впечаток дека не прави ништо друго

„Ако Кирил Петков остане фокусиран врз прашањето за Северна Македонија, ќе остави впечаток дека се работи само за тоа прашање и не се прави ништо друго“, вели поранешниот министер за одбрана на Бугарија и експерт за национална безбедност Бојко Ноев во утринската програма на бугарската телевизија БТВ.

Според него владата во Бугарија треба веднаш да преземе чекори за решавање на актуелните проблеми на бугарските граѓани.

Тој додаде дека тоа може да предизвика проблеми во политичката карта во Бугарија.

„Најсилен катализатор би била една нова позиција во односите со РС Македонија. Сега гледаме дека по тие прашања се работи со брзање, а истите се решаваат со децении наназад“, вели Ноев.

„Се прифаќа ангажман да се даде позиција за РС Македонија во следните 6 месеци, независно дали таа ги исполнила нашите услови. Се трудат да ги обликуват со целофан проблемите, за истите да станат полесно варливи за бугарското општество“, вели експертот.

Слични Објави