Симеонов: Бугарската јавност со поцврсти ставови кон РС Македонија- се бара спроведување на Договорот за поддршка на Скопје за ЕУ

//

Нашите односи со Република Северна Македонија се меѓу главните точки на најновата студија на Галуп Интернешнл Балкан.

Огромното мнозинство од бугарската јавност го подржува пристапувањето на РС Македонија во ЕУ, но го обврзува со исполнување на условите од Договорот за добрососедство.

„Се зголемува уделот на оние кои велат дека во никој случај не треба да ја поддржуваме Северна Македонија за членство во ЕУ. Тие се зголемуваат за околу 6-7 отсто, а за околу 10 проценти повеќе оние што кажуваат дека го одобруваат пристапувањето само ако РС Македонија го спроведе договорот“, вели социологот Прван Симеонов за утринската програма на бТВ.

„ Тоа јасно покажува дека позициите во бугарското општество кон Скопје се поцврсти и можеби ќе бидат предизвик за новиот владин кабинет.



Според него, бугарскиот претседател Румен Радев е личноста што ужива најголема доверба во бугарската јавност.

Претходна статија

Ноев: Ако Петков остане фокусиран на РС Македонија, ќе остави впечаток дека не прави ништо друго

Следна статија

Реакција на семејството на Рашковски на акцијата на УМС ВМРО -ДПМНЕ преку делење мекици

Најново од Вести