| |

Нов дигитален водич ја оживува историјата во РИМ – Благоевград

Регионалниот историски музеј- Благоевград и „Подај уво“ ги покануваат сите жители и гости на Благоевград да ги слушнат приказните на регионот. Иницијативата им нуди на посетителите можност да се нурнат во богатата историја на регионот на сосема нов начин, јавува БНР.

„Подај уво“ е интерактивен аудио водич достапен на англиски, а наскоро и на бугарски јазик. Со скенирање на QR-кодовите лоцирани во музејските сали, посетителите можат да ги слушнат фасцинантните наративи за експонатите во музејот и да научат интересни факти за минатото на Благоевград и областа.

Проектот е дело на Вера Арзумањан, Софија Дренкова, Моника Бојаџиева и Цветана Хајдушка, дипломирани студенти на Американскиот универзитет во Бугарија, со техничка помош на Иван Костадинов, во партнерство со музејскиот тим.

Во наредните месеци сите посетители ќе имаат можност да ја пробаат прототипната верзија на аудио водичот и да ги споделат своите впечатоци. Ова ќе им овозможи на креаторите да го усовршат проектот и да го прилагодат на потребите на публиката.

Слични Објави