Нов смртен случај во битолската болница: почина бебе за време на породување
Штотуку родено бебе починало во битолската болница. За ова, „Макфакс“ доби потврда од Министерството за здравство. Министерот Фатмир Меџити, поради случајот, од попладнево е во посета на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“. За детали посочија дека ќе информираат веднаш штом ги добијат сите информации од лекарскиот тим и директорот. „Макфакс“ стапи во контакт и со директорот Александар Обедниковски, кој не одговори на повиците и пораките.
Информациите што излегоа од лица во болницата се дека родилката отишла на контрола, каде што од гинеколог ѝ била дадена таблета за провокација и била пуштена дома. Кога се вратила и се пораѓала, бебето било во тешка и лоша состојба. Неофицијално, постоел обид за реанимација, кој бил неуспешен.
„Макфакс“ стапи во контакт и со Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Од таму велат дека не се запознаени за случајот, а штом добијат информации – ќе испратат инспектори за да го проверат за што се работи.
Пред три недели, во битолската болница почина и петогодишната Јана Христовска. Резултатите од обдукцијата и натаму се чекаат