ОСМАНИ ИЗРАЗИЛ УВЕРУВАЊЕ ПРЕД СВОЈОТ ПОЛСКИ КОЛЕГА РАУ ДЕКА ЌЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМОТ СО БУГАРИЈА

/

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, разговарал телефонски со Министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, со цел размена на мислења за актуелни прашања од билатералните односи помеѓу двете земји, соработката во рамките на меѓународните организации и за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, јавува МНР.

„Северна Македонија активираше огромна политичка енергија за да ја врати земјата на патот на ЕУ. Решивме непремостливи предизвици кои на сите им се чинеа како невозможна мисија. Успеавме зашто имавме силна мотивација – Европската перспектива за нашата земја и за нашите граѓани. Ние велиме овој процес, нема алтернатива“, истакна Османи.

„Верувам дека со нашите пријатели и соседи ќе го надминеме проблемот и ќе бидеме повторно пример за моќта на дипломатијата и дијалогот. Секој проблем е различен и специфичен, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање. Како политичари во своите земји им должиме на граѓаните да ги решаваме проблемите, да го одржуваме мирот, и да создадеме услови за развој и подобар живот за сите“, нагласил Османи за време на разговорот.



Претходна статија

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ КАРДИОХИРУРГ ПРОФ. Д-Р АЛЕКСАНДАР ЧИРКОВ

Следна статија

(ВИДЕО) АРСОВСКИ: ЗАЕВ ВЕДНАШ ДА ОДГОВОРИ КАКВА ПОНУДА ИСПРАТИЛ ДО БУГАРИЈА

Најново од Вести