НОВ ЗДРАВ ПРОИЗВОД ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА СУВОМЕСНАТО

Вести Истакнато Магазин Македонија Убавина&Здравје Храна

Научен тим од Македонија по долго изтражување за првпат произведе колбаси по традиционална рецептура кои воопшто не содржат хемиски адитиви и засилувачи на вкус. Наместо штетните состојки означени на производите со „Е-“ во производството на првиот здрав сувоомеснат производ во Македонија, на Блаканот а и пошироко, заменети се со природни состојки. Добиен е квалитетен, здрав и безбеден производ во кој нема апсолутно никакви хемиски адитиви.

Современото производство на производите од месо потполно зависи од додавање огромни количини нитритна сол. Токму овој додаток е одговорен за розеникаво-црвената боја што прави производот да изгледа свеж долго време, да го спречи ужегнувањето на мастите и воедно да го подобри вкусот и мирисот на производите. Сепак, овој „магичен прашок“ уако од огромна корист за месопреработувачката индустрија се покажувае штетен по здравјето на луѓето: тоа е токсичен, канцероген и мутаген афенс, а штетните последици од него се видливи по долгогодишно и редовно конзумирање на „сувомеснати“ произиводи, или доколку се употребува во несоодветни количества може да предизвика негативни последици висливи веднаш. Светската здравствена организација од неодамна ги означува преработките од месо како канцерогени, а причина за тоа се токму хемиски додадените нитрити. Потрошувачите можат да ги препознаат тие состојки според ознаката „Е“ (Е-250, Е-621) на декларациите на самите производи.

Наместо нитритни соли македонскиот традиционален колбас користи селектирани видови чисти култури микроорганизми. Тоа се всушност микроорганизми кои покажуваат дури и подобри резултати во заштитата и одржувањето на трајноста на месниот производ, истовремено подобрувајќи го неговиот квалитет и немаат никакви штетни последици по здравјето на потрошувачите.

М-р Моника Стојанова, која е дел од научноистражувачкиот тим нагласи дека нивната иновација – Македонскиот традиционален колбас значително предничи пред другите преработки од месо со тоа што „имаат подобри севкупни квалитетни карактеристики: подобра и постабилна боја што не се губи во текот на складирањето како што тоа е случај со конвенционалните колбаси, имаат подобра текстура, вкус и арома, а она што е од исклучителна важност за индустријата за месо е зголемување на одржливоста, бидејќи производите го задржуваат и квалитетот и безбедноста во предвидениот, продолжен рок на употреба.“

Тоа што производот е резултат на истражувачки труд воопшто не се одрази на задржувањето на македонската традиционална рецептура, по која е позната секоја држава и она што е уникатно за одредено поднебје. Така што она што Република Македонија го нуди како традиционални производи, не може да се најде ниту идентично да се произведе во ниту една друга држава.

Интерес за новиот пронајдок пројавиле повеќе индустрии за месо од земјата и регионот, за кои се очекува во блиска иднина да почнат со продажба на македонските традиционални колбаси, така што овој производ наскоро ќе биде достапен на македонската трпеза. Истовремено, истражувањето тука не застанува, ова е само почеток за следните, можеби уште поголеми иновации, не само при производството на колбасите, туку на преработките од месо воопшто. Со тоа ќе се овозможи максимално елиминирање на хемиските адитиви при производството во индустриски услови, а на потрошувачите ќе им се понудат квалитетни и безбедни производи од месо.