НОВА БОМБА: МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА МИЈАЛКОВ ДВА ПАТИ ДОНИРАЛ ПО 5 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АВТОБУСИ ЗА 2 ЈУНИ

„Сашо никогаш не дојде во партија, скршен од мака“, му вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Зоран Милевски Кичеец, еден од осудените во случајот„Рекет“ во последната аудиоснимка што утрово е објавена на Јутуб каналот, пренесува Актуелно.

-Сашо даде два пати по 5.000 евра за автобусите за 2 јуни, тоа е од Сашо донација, додава Мицкоски.

Разговорот, најверојатно, се однесува на начинот на кој биле платени автобуси за протестот што го организираше опозицијата пред Владата на 2 јуни 2018 година.

На снимката, која трае дваесеттина секунди, се слуша и Кичеец која на Мицкоски му кажува дел од „некои муабети“ што ги слушнал.