НОВА КАТЕГОРИЈА ПАТАРИНА ВО МАКЕДОНИЈА
Согласно Одлуката за висината и начинот на наплата на надоместокот за употреба на пат (патарина) со која воведува нова категорија на видови возила, Прва Категорија А за моторни возила со карактеристики на мотоцикли (со две тркала), се имплементира во системот за наплата на патарина како Категорија 1А и започнува со ефективна употреба и наплата од 10.02.2020 година од 00:00 часот (понеделник, од полноќ).
Во категоријата „1А“ спаѓаат мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw и соодносoт на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 kw/kg, како и трицикли со моќност помала од 15 kw.
Ова се цените по наплатни станици за надоместок за употреба на пат (патарина)
- Романовце 40 денари / 0,50 евра
- Петровец 20 денари / 0,50 евра
- Сопот 50 денари / 1,00 евро
- Отовица 50 денари / 1,00 евро
- Стоби 40 денари / 0,50 евра
- Миладиновци 20 денари / 0,50 евра
- Тетово 20 денари / 0,50 евра
- Гостивар 20 денари / 0,50 евра
- Глумово 20 денари / 0,50 евра
- Желино 20 денари / 0,50 евра
- Гевгелија 60 денари / 1,00 евро
