|

НОВА СРЕДБА НА РАБОТНИТЕ ГРУПИ ЗА СУДБИНАТА НА СЈО

Работните групи на власта и на опозицијата денеска ги продолжија разговорите за законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на СЈО. На средбата која се одржува во Министерството за правда присуствуваат министерката за правда Рената Дескоска, советникот на премиерот Зоран Заев, Бојан Маричиќ и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, јавува Лидер.

На последната средба одржана во понеделникот во Владата беше постигнато одредено приближување на ставовите за две прашања – за зголемувањето на буџетот на обвинителството и изнаоѓањето модуси за поголема одговорност на вработените и обвинителите.

За Предлог – законот за Јавно обвинителство што го предложи Владата, претседателот на Собранието Талат Џафери закажа седница на 27 август. Предлог-законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка.



Слични Објави