Тунелот за железничкото поврзување на Македонија со Бугарија од бугарска страна е речиси готов и треба да се забрза изградбата на коридорот 8. Ова го изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.
Борисов повика на забрзување на процесот и да не се губи време. Тој додаде дека ресорните министри од двете земји ќе се сретнат идната недела во Ѓуешево, за да утврдат до каде се градежните работи на тунелот.
Премиерот Заев од своја страна информира дека за Коридорот 8 веќе се обезбедени 580 милиони евра, од кои 65 милиони евра се од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан, 60 милиони од ИПА 2 програмата, како и од кредити од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициски банка.