Б.ТРАЈКОВСКИ: БИТОЛА ЈА НАПРАВИЈА ПОРУРАЛНА ОД НАЈРУРАЛНИТЕ ОПШТИНИ

//

„ Денес во Битола паднаа ветувања дека ЌЕ има нови капитални инвестиции, па откако го изградија ветениот стадион, спортска сала, затворен базен, катните гаражи… откако го прочистија воздухот и го направија Градот поубав од кога и да било редно е малку да се посвети внимание и на руралните делови. Во минатото посебно внимание се посветуваше на улиците каде што живееа тогашните градоначалници така да сега воопшто не е чудно да се инвестира во вилаетите на тие кај кои е ќесето… не дека некоја таква инвестиција е грешна ама дајте прво погледнетеги дупките на улиците во Градот кој го направивте по рурален од руралните општини, воопшто нема да ме зачуди некој ден да слушнам дека ЌЕ изгадите и Ајфелова кула, но најпрво видете го празниот Широк Сокак, проверете каков е воздухот за кој протестиравте (не мора да го чекате зимскиот период), пребројте колку дуќани се затворени во старата чаршија и на крај пребројте ги своите граѓани… Но сепак најважно е тоа што конечно се запознавте и ни докажавте дека имаме и Градоначалник и Премиер…“- напиша на својот facebook профил, членот на Управувачкиот комитет на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, Благојче Трајковски.





Претходна статија

НОВА СРЕДБА НА РАБОТНИТЕ ГРУПИ ЗА СУДБИНАТА НА СЈО

Следна статија

ДИМИТРОВ ОБЈАВИ ЗАЕДНИЧКА ФОТОГРАФИЈА СО ЗАХАРИЕВА И НАПИША: “ПРИЈАТЕЛ Е ОНОЈ КОЈ ГО РАЗБИРА ТВОЕТО МИНАТО, ВЕРУВА ВО ТВОЈАТА ИДНИНА И ТЕ ПРИФАЌА БАШ ТАКОВ КАКОВ ШТО СИ.”

Најново од Вести