Новата цена на струјата се тарифира од денеска, a Законот за намалување на ДДВ уште не е усвоен
Од денеска започна да важи новата цената на електричната енергија. Но сега се отвора прашањето, дали пратениците навремено ќе ги донесат измените на Законот за ДДВ за да не се почувствува зголемената цена на струјата за 12 отсто. Законското решение за намалување на ДДВ-то е на почеток на собраниските процедури. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека нема да го блокираат носењето на овој закон. Намаленото ДДВ- според текстот на законот ќе почне да важи на денот на стапување во сила на новиот закон. Што значи дека доколку се донесе на 15-ти овој месец, половина сметка ќе биде пресметана со 18, а другата половина со пет отсто ДДВ, јавува АлсатМ.
„Со денот на влегувањето во сила на измените и дополнувањата од Законот за данокот на додадена вредност се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 5% за електрична енергија“, стои во Законот за данок на додадена вредност.
Целиот напис прочитајте го овде.