НОВAТА ШЕФИЦА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Е ШТИТЕНИЧКА НА АНГЕЛА МЕРКЕЛ, ИМА СЕДУМ ДЕЦА

/

Германската демохристијанка Урсула фон дер Лајен, која Европскиот совет ја предложи за функцијата претседател на Европската комисија, е политичарка со богато искуство на чело на неколку германски министерства, а и е родена во политичко семејство: нејзиниот татко бил познатиот политичар Ернст Албрехт.

Урсула Гертруд фон дер Лејене е родена во 1958 година во Брисел, каде што нејзиниот татко, а подоцна премиер на сојузната покраина Долна Саксонија, Ернст Албрехт, имал висока функција во Европската економска заедница и Европската заедница, претходници на Европската Унија.

Студирала на престижната школа за економија во Лондон, а во Германија студирала медицина, по што докторирала и специјализирала гинекологија.

Урсула Албрехт е мажена за лекар кој е потомок на познато семејство на текстилни индустријалци, Хајка фон дер Лејен, со кој има седум деца.



Фон ден Лејен важи за блиска соработничка на Ангела Меркел и голем поддржувач на нејзината политика за бегалците.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: САМО ВО МАКЕДОНИЈА СО КОЈА ВЛАДЕЕ КРИМИНАЛНАТА БАНДА НА ЗОРАН ЗАЕВ, ДРАГИ РАШКОВСКИ И НАТАМУ МОЖЕ ДА ОСТАНЕ НЕДОПИРЛИВ

Следна статија

ЗМИЈА ОД НАЈДОЛГИОТ ЕВРОПСКИ ВИД СНИМЕНА ВО ОБИД ДА СЕ ИСКАЧИ НА БРОД ВО ШИБЕНИК

Најново од Вести