| |

Нови делови од фрески се откриени при истражување на средновековна црква кај Тврдица, Бугарија

Нови делови од фрески се откриени при археолошкото истражување на црква сместена надвор од ѕидините на средновековниот град Вердица. Ова го соопштија од Историскиот музеј во Тврдица, пренесува БТА.

Во надворешното предворје на храмот, наречено егзонартекс, на долниот дел од внатрешната страна на западниот ѕид се зачувани фрески со димензии 1,50 на 0,50 метри. Нив ги зацврстила реставраторката Катја Буланова.

Во насипот се откриени и фрагменти од фрески со одделни букви од натписи, како и делови од ореоли и лица на светци.

Историскиот музеј во Тврдица шеста година по ред спроведува археолошки истражувања на доцноантичката тврдина и средновековниот град Вердица, сместен во месноста Градиштето.

Слични Објави