Нови дојави за бомби во 16 училишта
Дојави за бомби се упатени денес на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и едно во Прилеп.
Во тек се антитерористички проверки, соопшти полицијата.
Дојави за бомби во училиштата имаше и изминатите денови.
Министерството за образование и наука вчера информираше дека е испратен допис до директорите на училиштата кога ќе добијат закани за поставени експлозивни аправи, да ја продолжат наставата онлајн.

