| |

НОВИ КОШОВИ ВО ДВОРОТ НА ООУ „ПЕТАР ПОП АРСОВ”

Општина Карпош денеска ги замени старите и дотраени кошови во училишниот двор во ООУ „Петар Поп Арсов”, со нови, кои ќе овозможат поголема безбедност и непречена игра на учениците и сите други граѓани од Карпош 4. Целта на локалната самоуправа е дворовите на основните училишта да прераснат во спортско – рекреативни центри, учениците да имаат повеќе простор и подобри услови за спорт и рекреација, но и граѓаните од околните населби да можат да ги користат овие терени постојано, во летниот период, а за време на учебната година, во попладневните часови.

Во летниот период, Општината врши повеќе реконструкции низ основните училишта во Карпош, со намера учениците и наставниот кадар да ја дочекаат новата учебна година во подобри услови .

Слични Објави