ИППГ ЗА ПРАВАТА НА ЛГБТИ ЛИЦАТА НА РАБОТЕН ПРИЕМ ВО ФРАНЦУСКАТА АМБАСАДА

//

По повод формирањето на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ луѓето, на покана на Н.Е. Кристиан Тимоние, амбасадор на Франција во Македонија, пратениците членови на Групата, присуствуваа на работен прием во Француската резиденција.

На работниот прием земаа учество координаторката на групата  Маја Морачанин, заменик-координаторот Павле Богоевски, како и пратеничките Лилјана Поповска, Ирена Стефоска, Ивана Туфегџиќ, Јулиана Николова, Никица Корубин, Славица Шуманска-Митева и Нола Исмајлоска-Старова, која ја искористи оваа пригода за да се приклучи во работата на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ луѓето. На работниот прием беа присутни и преставници на граѓанските организации од оваа област.

Ова беше можност пратениците и претставниците на граѓанскиот сектор да разменат информации и да разговараат за состојбите, како и да договорат идни активности.



Амбасадорот Тимоние ја изрази својата поддршка за новиот Предлог-закон за спречување и зашита од дискриминација, кој е во собраниска процедура, особено за одредбите кои предвидуваат заштита од дискриминација по основ на сексуална ориентација и родов идентитет. Тој, исто така, изрази надеж дека за предложеното законско решение позитивно ќе се изјаснат пратениците од сите парламентарни партии.

Претходна статија

НОВИ КОШОВИ ВО ДВОРОТ НА ООУ „ПЕТАР ПОП АРСОВ”

Следна статија

ИЗЛОЖБА НА ГОРДАНА ВИНЧИЌ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Најново од Вести