НОВИНАРОТ БРАНЕ СТЕФАНОВСКИ СЕ ПОЖАЛИ НА ПОЛИЦИСКА АРОГАНТНОСТ
„На 2 ноември околу 11 часот отидов во Полициската станица во Ѓорче Петров, затоа што тој ден, преку кол-центарот: 072929292, имав закажано терми за сликање за лична карта.Во канцеларијјата – службеник на возраст од околу 33-34 години, неуниформиран. Почна да ме бара во списокот и упорно тврдеше дека ме нема и дека сликањето нема да биде извршено, бидејќи, ако ме нема на сисокот, не може да ми биде направена таа услуга.Му реков дека веројатно е некоја грешка или недоразбирање и љубезно го замолив да се јави во кол центарот. Тој арогантно и отсечно ми рече: „ја да се јавам во кол центарот, па тоа не е моја работа, те нема на списокот и оди ти јави се, бројот го има на влезот на полициската станица“. Така и направив, додека го добив операторот чекав долго. Операторот ми вели: „ве има на список, терминот е 7,45 и сликањето треба да биде извршено“. Се вратив кај службеникот и му го пренесов разговорот со кол центарот, тој пак нервозно почна да пребарува по списокот и ми вели дека во тој термин на списокот стои име на друго лице и дека не може да ме услужи. Остро ме упати пак да се јавам во кол центарот со зборови дека тие не се писмени, дека ги знае кој се таму и дека немаат врска со работата и ми рече тоа да им го кажам во името на „советникот Блерим“ (презимето не му го запаметив) и напомена дека тоа го прави со оглед на моите години, инаку не би ни разговарал со мене. Втор пат излегов надвор од станицата и пак се јавив, и по долго чекање го добив операторот, кој пак ми потврди дека сум на списокот и дека сликањето треба да биде извршено, терминот е 7,45 и дека ако нешто не му е јасно на службеникот да се јави во кол-центарот. Се вратив во станицата и најљубезно и веќе понизно му се обратив и му кажав дека кол центарот уште еднаш го потврдува фактот дека моето име е на списокот за тој ден и дека може да се јави за да се разјасни. Тој уште еднаш, навреден, ми рече дека тој не тој што ќе се јави, затоа што тоа не е негова работа, дека тие што работат таму не си ја знаат работата и дека тие треба нему да му се јават. Слижбеникот, видно изнервиран, ми вели: еве ако мислиш дека ја не сум во право, види чие име е на списокот во терминот во 7,45. Погледнав во списокот и видов друго име, но во термин 19,45 (службениот очигледно не разликува што е 7,45, од 19,45). Му реков господине, овој термин не е 7,45, туку 19,45, тогаш тој сврте еден лист нанапред од списокот и го виде моето име, па ми рече да седнам да се сликам…Мојата поплака се однесува на нељубезниот однос на службеникот кој се претстави како Блерим, на неговата ароганција од позиција на полициска сила, на неговата неснаодливот и дрскост, која ми одзеде 1 час од моето време, а работата можеше да се заврши за 3 мин. Ова не остава убава слика за Министерството за внатрешни работи. Неговите служи треба да бидат сервис на граѓаните , а не страв од неговите артогантни службеници , кои според традиционалнта поставност на овој орган влеваат стравопочит која од страна на вакви кадри се злоупотребува.На влезот на станицата, пак, стоеше полицајка со автоматска пушка на градите, како да е некоја вонредна воена состојба и уште на смиот влез луѓето чувстуваат дека во внатрешноста на објектот (ПС) не можат да се чувствуваат како во своја куќа и да бидат слободни да ги остварат своите права“, стои во објавата на долгогодишниот новинар Бране Стефановски.
Арогантност во ПС Ѓ.Петров На 2 ноември околу 11 часот отидов во Полициската станица во Ѓорче Петров, затоа што тој…Posted by Brane Stefanovski on Среда, 04 ноември 2020
