НОВИОТ УФЦ ХЕРОЈ ПОЗИРА СО ЗНАМЕ НА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА
Австралискиот натпреварувач во мешани боречки вештини (ММА), Александар Волкановски, кој има потекло од Македонија, е шампион во УФЦ, откако го совлада Американецот Макс Холовеј со едногласна одлука во ко-главниот настан на УФЦ 245 во Лас Вегас.
Популарниот Александар Велики неколку дена пред мечот со Холовеј позираше со знаме на Обединета Македонија, момент кој беше гордост за сите Македонци од целиот свет.
Тој и покрај големите обврски најде време да се фотографира со своите фанови и со македонско знаме коe е асоцијација на неговиот прекар.
Пред да почнам да се борам во УФЦ, се борев во Австралија и Азија како Алекс „The Hulk“, што во тоа време имаше смисла за мене, бидејќи лесно да победував конкуренцијата. Кога добив повик да се борам за УФЦ знаев дека сум предодреден да почнам да правам поголеми работи. Мојата намера не беше само да влезам во УФЦ, во моите вештини верував дека можам да се изборам за УФЦ златото. Од првиот чекор во УФЦ ја забележав херојската национална фигура, со оглед на моето име и семејно наследство. Сакам преку мојата судбина да ја ставам Македонија на светската карта во ММА. Знам од каде доаѓам и сакам да им покажам на другите Македонци дека ако го следите сонот, ништо не е невозможно, истакна неодамна Волкановски во интервју за Меѓунаротното движење за човекови права на Македонците.
Инаку, Волкановски има потекло од Битола, a роден е во Австралија. Неговиот татко е од битолско Беранци, додека мајка му е од Грција.
Извор: Спорт1