| |

Ново читање на драмата „Дани и длабокото сино море“

Претставата „Дани и длабокото сино море“ од Џон Патрик Шенли раскажува за средбата на двајца луѓе со тешки судбини и карактери.

„Овие тешки судбини и ликови се среќаваат една ноќ во еден бар во областа Бронкс во Њујорк. Тие споделуваат огромен бран на емоции. Освен тепачка и крв, ќе видите и други работи“, вели режисерката на претставата Надија Панчева.

Емоциите се толку силни што е тешко да се вербализираат, објаснува актерката Екатерина Лазаревска.

„Тоа се такви емоции што, според мене, човек ги чувствува кога е на работ и во екстремна ситуација во која е речиси склон да носи радикални одлуки. Затоа претпочитам да не ги артикулирам“, вели актерката.

„Мојот лик е момче кое пораснало во лошо маало, со лошо друштво. Родителите не се однесувале добро кон него и соодветно на тоа, како што се однесуваме со нашите деца, тоа и им го префрламе“, додаде актерот Владимир Солаков.

Неговиот лик сака да биде нормална, стабилна и сакана личност кога ќе порасне.



Слични Објави